Соработка со Агенцијата за подршка на претприемништво на Р.Македонија (АППРМ)

Претставници на Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија, на ден 25 октомври 2018 година остварија средба со директорот на Агенцијата за подршка на претприемништво на Р.Македонија.

Имајќи ја во вид статусната определба на Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија, претставниците на истата го запознаа директорот на АППРМ за можностите за вмрежување со домашни и меѓународни организации и едукација на сите заинтересирани правни и физички лица за франшизата како поим и како средство за бизнис дејствување, а со цел развој и раст на домашното претприемништво преку воведување и промоција на домашни и странски франшизи. 

На средбата беше оценето дека наведените активности се во корелација и функција на мисијата на АППРМ за изградба на поволно економско опкружување и поддршка во развојот на претприемништвото, односно промоција, спроведување и координација на државната и меѓународната поддршка за микро, малите и средните бизниси. Беше заклучено дека дека идната соработка треба да се формализира со потпишување на соодветен меморандум за соработка, со кој потписниците секој во својата примарна дејност, мисија и визија, заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат во интерес на заедничкото делување и реализација на цели од заеднички интерес.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Здружение за франшизен развој и афирмација

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје

Адреса 

Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,

Тел. +389 2 3129240

Е-маил: info@makfran.mk 

Контакт 

Д-р Вера Бошковска , 

Тел. +389 78 278076 Е-маил: vera@makfran.mk