За Нас 

За Здружението

За здружението

Врз основа на член 17 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016), Собранието на Oсновачите на Здружение за франшизен развој и афирмација Македонска Национална Асоцијација за франшиза, го донесе Актот за основање на Здружението на ден 05.03.2018 година. 

Визија 

Визија на Маак Фран

Франшизата да биде подлабоко интеграна во секојдневните облигациони односи во деловното работење во Република Македонија; Развојот на франшизната индустрија во Република Македонија да овозможи воспоставување на силна основа за пракса на етика во франшизниот однос; Продонес кон градење на доверливи и силни врски помеѓу франшизерот и франшизантот со цел промоција на тој однос како поволно бизнис решение. 

Мисија

Мисија на Макфран

– Воведување на франшизата како секојдневен бизнис модел во РМ и нејзино почесто користење како таков; – Воведување на правна рамка согласно која ќе се регулира франшизата во Р.М; 

– Воведување на пракса на почитување на етички правила при склучување на франшизните договори помеѓу франшизерот и франшизантот; 

– Детекција на правни субјекти на кои секојдневното деловно работење им е во форма на франшизно работење со цел имплементација на правната рамка и етиката во нивното дејствување; 

– Консалтинг и поддршка за правните субјекти кои сакаат да продадат или пак сакаат да купат франшиза; 

– Промоција на Европската федерација за франшиза, членство и активно учество во истата, прифаќање не нејзините цели; 

– Безрезервно прифаќање на Европската федерација за франшиза, статутот на Европската федерација за франшиза, кодот на етика, правилата и регулативите на Европската федерација за франшиза. 

Стратешки цели 

  • Афирмација на Здружението помеѓу бизнис деловната заедница со цел ширење на неговото членство со можност за постигнување на масовност;
  • Постигнување на заинтересираност кај бизнис популацијата со цел што повеќе размислување за работење на принцип на франшиза;
  • Постојано и одржливо членство во Европската федерација за франшиза;
  • Столб и место за советување и поддршка за сите македонски франшизери и франшизанти;
  • Промоција и заштита на македонските франшизери, постоечките и потенцијалните франшизанти;

Активности

План на активности за 2018 г.

o  Презентација на Здружението и неговите цели o  Лобирање и афирмација Здружениетоo  Активна работа со цел зголемување на бројот на членовите;


o  Соработка со надлежни институции и заинтересирани тела на семинари, едукации, средби, трибини со цел размена на искуства во франшизното работење и промоција на франшизата воопшто;


o  Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;


 Соработка со слични организации а особено со

национални асоцијации за франшиза на ниво на Р.М и од странство;


o  Подготовка на Апликација со неопходни документи за членство во Европската федерација за франшиза, прибирање на сите потребни документи, преглед на исполнувањето на условите за членство, комуникација и со надлежни лица од федерацијата.


o  Обезбедување и опремување на

просторија/канцеларија за непречено одвивање на активностите на Здружението

Органи на здружението

Органи на здружението се:

Собрание; 

Претседател;

Управен Одбор;

Извршен одбор.

Основачи на Собранието на

Здружението се: 

Друштво за трговија и услуги АДРИАТИК ГРУП ДООЕЛ

Ул.Даме Груев број 28 зграда/1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за трговија и услуги ФЕШН ГРУП АДРИАТИК ДООЕЛ

Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за трговија на големо и мало со текстил и текстилни производи ЕУРОФЕШН ТРЕЈД ДОО

Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за трговија, производство и услуги М.Г Фешн ДОО

Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за производство, трговија и услуги ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ

Ул. Сава Михајлов број 10 број 6 Скопје, 1000 Скопје

АдвокатМирјана Марковска-Андреевски

Ул. Орце Николов број 75, 1000, Скопје

Друштво за производство, трговија на големо и мало увоз-извоз и услуги Игор Божиновски БИСЕРА КОМЕРЦ Битола ДООЕЛ

Ул. Широк Сокак бр 42А Битола

Др. Вера Бошковска

Ул. Мишко Михајловски број 17-21, 1000 Скопје

Др. Љубиша Николовски 

Ул. Д. Аврамовски Гуте бр. 24, 1000 Скопје

Друштво за поддршка на предприемништво БНИ СИНЕРЏИ ДООЕЛ

Ул. Орце Николов број 75, 1000 Скопје

Здружение за франшизен развој и афирмација

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје

Адреса 

Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,

Тел. +389 2 3129240

Е-маил: info@makfran.mk 

Контакт 

Д-р Вера Бошковска , 

Тел. +389 78 278076 Е-маил: vera@makfran.mk

No matter if you’ve used a visual page builder before, with Brizy you’ll be a pro the second you start using it.