Што е франшиза 

Што е франшиза

Според Интернаионалната Франшизна Федераија (International Franchise Association , IFA) под франшиза се подразбира договорен однос помеѓу франшизерот и франшизантот во кој франшизерот нуди или е обврзан да оддржува постојан интерес во бизнисот на франшизантот во областите како што се know-how и обука, каде што франшизантот оперира под исто трговско име, формат или процедура во сопственост или контрола од франшизерот, во која франшизантот има или ќе направи значајна капитална инвестиција во неговиот бизнис од сопствени извори.

https://www.franchise.org/


Дефиницијата на Европската Франшизна Федерација (European Franchise Federation, EFF ), фрашизното работење го дефинира како систем на трговија на добра и /или услуги и/или технологија, која се базира на блиска и постојана соработка на правни и финансиски самостојни претпријатија, сопственикот на франшизата (давателот на франшизата) и поединечните корисници на фрашизата (корисниците на франшизата), каде што сопственикот на франшизата им гарантира на корисниците на франшизата право, а воедно нематнува и обрвски дека бизнисот ќе се води во склад со концептот на франшизата. Правото му овозможува и го обврзува примателот на франшизата во замена за директен или интеректен финансиски надомест, да го користи заштитното име на давателот на франшизата за производ, услуга, know- how , работни и технички методи, процедурални системи и други права на производство или интелектуална сопственост, со постојана комерцијална и технолошка помош, во оквир и временски рок одреден во писмениот франшизен договор кој се склучува помеѓу страните за оваа намена. 

http://www.eff-franchise.com/  


Франшизата е метод на вршење маркетинг на стоки и услуги кој не познава никакви граници во смисла на бизнис категории и е докажан модел за дистрибуција на стоки и услуги кој има позитивно влијание на вкупниот економски растеж на општеството преку придонес во формирањето на нови бизниси и креирање на нови работни места.


За да постои франшизен систем мора да постојат следните одновни елементи:

 

  • да постои систем,·       
  • да постои бренд, заштитен знак, трговско име итн.·       
  • да се отстапат права,·       
  • да постои контрола ·       
  • да постои плаќање.

 

Франшизингот е процес кој се заснова на договор помеѓу два правно независни ентитети. Односите, правата и обврските на двата учесника во франшизингот се одредуваат во договорот за франшизинг што го потпишуваат договорните страни . Тие се должни строго да се придржуваат кон сите одредби доколку сакаат успешна соработка и профитабилен бизнис.


Едната од договорните страни е франшизер – Franchisor сопственик и давател на франшизата. Тој е сопственикот на претпријатието (голема или мала приватна компанија) кој својот бизнис го проширува со франшизинг. Франшизер може да биде домашна или интернационална компанија и е носител на трговското име, знаците, процесите и know-how на бизнисот. Франшизерот го определува начинот на кој бизнисот ќе се одвива, содржината и карактерот на производите и услугите што ќе се нудат, квалитетот и цените и снабдувањето на истите.


Има обвска да му обезбеди на примателот и корисник на франшизата -франшизантот, обука и помош како при почетокот така и за време на целокупното работење. Обуката и помошта треба да му ја обезбеди во сите сегменти на работењето, регрутирање на кадри, при финансиски документи, рекламирање, продажба и за се друго што стои во договорот за франшизинг. 


Другиот учесник е франшизант – Franchisee, примател и корисник на франшизата. Франшизантот му плаќа на франшизерот надомест за користење на франшизата еднократно “fee” или му дава дел од добивката, ”royalty” за цело време додека се користи франшизата или пак ги плаќа и двете заедно .


Компанијата на франшизантот станува дел од ланецот на франшизната мрежа на сопственикот на франшизата. Ги добива сите привилегии и поволности од трговското име, знаците и се што носи веќе разработениот и познат бизнис. Но, ќе има и обврски да работи според барањата на франшизерот и неговите принципи и правила. 


 

Здружение за франшизен развој и афирмација

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје

Адреса 

Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,

Тел. +389 2 3129240

Е-маил: info@makfran.mk 

Контакт 

Д-р Вера Бошковска , 

Тел. +389 78 278076 Е-маил: vera@makfran.mk

No matter if you’ve used a visual page builder before, with Brizy you’ll be a pro the second you start using it.