За Нас 

За Здружението

За здружението

Врз основа на член 17 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016), Собранието на Oсновачите на Здружение за франшизен развој и афирмација Македонска Национална Асоцијација за франшиза, го донесе Актот за основање на Здружението на ден 05.03.2018 година. 

Визија 

Визија на Мак Фран

Франшизата да биде подлабоко интеграна во секојдневните облигациони односи во деловното работење во Република Македонија; Развојот на франшизната индустрија во Република Македонија да овозможи воспоставување на силна основа за пракса на етика во франшизниот однос; Продонес кон градење на доверливи и силни врски помеѓу франшизерот и франшизантот со цел промоција на тој однос како поволно бизнис решение. 

Мисија

Мисија на Макфран

– Воведување на франшизата како секојдневен бизнис модел во Република Македонија и нејзино почесто користење како таков; – Воведување на правна рамка согласно која ќе се регулира франшизата во Република Македонија; 

– Воведување на пракса на почитување на етички правила при склучување на франшизните договори помеѓу франшизерот и франшизантот; 

– Детекција на правни субјекти на кои секојдневното деловно работење им е во форма на франшизно работење со цел имплементација на правната рамка и етиката во нивното дејствување; 

– Консалтинг и поддршка за правните субјекти кои сакаат да продадат или пак сакаат да купат франшиза; 

– Промоција на Европската федерација за франшиза, членство и активно учество во истата, прифаќање не нејзините цели; 

– Безрезервно прифаќање на Европската федерација за франшиза, статутот на Европската федерација за франшиза, кодот на етика, правилата и регулативите на Европската федерација за франшиза. 

Стратешки цели 

  • Афирмација на Здружението помеѓу бизнис деловната заедница со цел ширење на неговото членство со можност за постигнување на масовност;
  • Постигнување на заинтересираност кај бизнис популацијата со цел што повеќе размислување за работење на принцип на франшиза;
  • Постојано и одржливо членство во Европската федерација за франшиза;
  • Столб и место за советување и поддршка за сите македонски франшизери и франшизанти;
  • Промоција и заштита на македонските франшизери, постоечките и потенцијалните франшизанти;

Активности

План на активности за 2026 година

o  Презентација на Здружението и неговите цели, лобирање и афирмација на Здружението Активна работа со цел зголемување на бројот на членовите со организирање на форум за Франшиза, Саеми на франшизи, бизниси, трибини, едукативни работилници и други промотивни активности;


o  Соработка со надлежни институции и заинтересирани тела на семинари, едукации, средби, трибини со цел размена на искуства во франшизното работење и промоција на франшизата воопшто;


o  Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;


 Соработка со слични организации а особено со

национални асоцијации за франшиза на ниво на Р.М и од странство;


o  Обезбедување и опремување на

просторија/канцеларија за непречено одвивање на активностите на Здружението

Органи на здружението

Органи на здружението се:

Собрание; 

Претседател;

Управен Одбор;

Извршен одбор.

Основачи на Собранието на

Здружението се: 

Друштво за трговија и услуги АДРИАТИК ГРУП ДООЕЛ

Ул.Даме Груев број 28 зграда/1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за трговија и услуги ФЕШН ГРУП АДРИАТИК ДООЕЛ

Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за трговија на големо и мало со текстил и текстилни производи ЕУРОФЕШН ТРЕЈД ДОО

Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за трговија, производство и услуги М.Г Фешн ДОО

Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2, 1000, Скопје 

Друштво за производство, трговија и услуги ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ

Ул. Сава Михајлов број 10 број 6 Скопје, 1000 Скопје

Адвокат Мирјана Марковска-Андреевски

Ул. Орце Николов број 75, 1000, Скопје

Друштво за производство, трговија на големо и мало увоз-извоз и услуги Игор Божиновски БИСЕРА КОМЕРЦ Битола ДООЕЛ

Ул. Широк Сокак бр 42А Битола

Др. Вера Бошковска

Ул. Мишко Михајловски број 17-21, 1000 Скопје

Др. Љубиша Николовски 

Ул. Д. Аврамовски Гуте бр. 24, 1000 Скопје

Друштво за поддршка на предприемништво БНИ СИНЕРЏИ ДООЕЛ

Ул. Орце Николов број 75, 1000 Скопје

Здружение за франшизен развој и афирмација

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје

Адреса 

Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,

Тел. +389 78 278 076

Е-маил: makfran.macedonia@gmail.com

Контакт 

Д-р Вера Бошковска , 

Тел. +389 78 278 076

Е-маил: makfran.macedonia@gmail.com

No matter if you’ve used a visual page builder before, with Brizy you’ll be a pro the second you start using it.