Членови на Здружението
Друштво за трговија и услуги АДРИАТИК ГРУП ДООЕЛ
Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2,1000 Скопје
Друштво за трговија и услуги ФЕШН ГРУП АДРИАТИК ДООЕЛ
Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2,1000 Скопје
Друштво за трговија на големо и мало со текстил и текстилни производи ЕУРОФЕШН ТРЕЈД ДОО
Ул. Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1 кат 2, 1000 Скопје
Друштво за трговија, производство и услуги М.Г Фешн ДОО
Ул.Даме Груев број 28 зграда 1 влез 1, кат 2, 1000 Скопје
Друштво за поддршка на претприемништво БНИ СИНЕРЏИ ДООЕЛ
Ул.Орце Николов број 75,1000 Скопје
Друштво за производство, трговија и услуги ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ
Ул.Сава Михајлов број 10, 1000 Скопје
Адвокат Мирјана Марковска-Андревски
Ул.Орце Николов број 75, 1000 Скопје
Друштво за производство, трговија на големо и мало увоз-извоз и услуги Игор Божиновски БИСЕРА КОМЕРЦ Битола ДООЕЛ
Ул. Широк Сокак бр.42 А Битола
Др. Вера Бошковска
Ул.Мишко Михајловски бр. 17-21,1000 Скопје
Др. Љубиша Николовски
Ул.Д.Аврамовски Гуте бр.24,1000 Скопје
Членство во Здружението
Член на здружението може да биде секој франшизер и франшизант, како и секое физичко лице-професионалец или претрпиемач кое има интерес да биде член во Здружението. Претходно споменатите субјекти доброволно и слободно ќе пристапат во членство, прифаќајќи ги целите и задачите на Здружението, Статутот и другите акти, потпишувајќи пристапната изјава.
Секој член е еднаков во правата, обврските и одговорностите, независно од правната форма, големината, прифитабилноста, полот, националното и социјалното потекло, политичко или верско убедување, како и имотната и општествената положба.
Секој член е должен да плаќа члeнарина во висина која ќе ја определи Собранието на Здружението согласно финансискиот план за претстојната година.
– ПРИСТАПНИЦА –
Права на секој член на Здружението:
– да учествува во неговатa работа и управување, да избираат и бидат избрани на сите негови функции во сите органи и тела предвидени со овој Статут,
– да учествува во обезбедувањето средства за реализација на целите, задачите и програмските определби на Здружението, согласно Статутот и другите негови акти,
– да бидат редовно и навремено информирани за активностите кои се значајни за работата на Здружението,
– да покажуваат самоиницијативност во организирањето на работата во интерес на Здружението,
– да предлагаат конструктивни иницијативи, проекти и решенија за развивање и збогатување на активностите на здружението.
Должности на членовите на Здружението се:
– да го почитуваат Статутот и другите општи акти и да се однесуваат во согласност со нив,
– да работат на остварување на целите, задачите, програмските определби и планови на здружението,
– да ги извршуваат до крај добиените задачи и задолженија,
– да го чуваат и зголемуваат својот углед, како и угледот на Здружението.
Здружение за франшизен развој и афирмација
МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје
Адреса
Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,
Тел. +389 2 3129240
Е-маил: info@makfran.mk
