Соработка со Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување

Претставници на Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија, на ден 13 –ти декември 2018 година остварија средба со извршниот директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР (Foundation for Management and Industrial Research), М-р Габриела К. Богоеска.Имајќи ја во вид статусната определба на Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија, претставниците на истата го запознаа извршниот директор на МИР за можностите за вмрежување со домашни и меѓународни организации и едукација на сите заинтересирани правни и физички лица за франшизата како поим и како средство за бизнис дејствување, а со цел развој и раст на домашното претприемништво преку воведување и промоција на домашни и странски франшизи. На средбата беше оценето дека наведените активности се во корелација и функција на мисијата на МИР за изградба на поволно економско опкружување и поддршка во развојот на претприемништвото, односно промоција, спроведување и координација на државната и меѓународната поддршка за микро, малите и средните бизниси. 

Во таа смисла, МИР предложи можности за соодветно вклучување (преку потпишување на соодветни меморандуми за соработка) на Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија во:

 

–   Enterprise Europe Network – ЕЕN мрежата (мрежа на бизнис можности), преку подготовка на соодветен профил за бизнис соработка – Business Offer, –   Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ фондација), и-   Платформата за поддршка на реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20 – претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“.Беше заклучено дека дека идната соработка треба да се формализира со потпишување на соодветни меморандуми за соработка, со кој потписниците секој во својата примарна дејност, мисија и визија, заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат во интерес на заедничкото делување и реализација на цели од заеднички интерес.

Leave a Reply

Здружение за франшизен развој и афирмација

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје

Адреса 

Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,

Тел. +389 2 3129240

Е-маил: info@makfran.mk 

Контакт 

Д-р Вера Бошковска , 

Тел. +389 78 278076 Е-маил: vera@makfran.mk