ПРВ ФОРУМ ЗА ФРАНШИЗА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА

На форумот присуствува повеќе правни и физички лица од Република Македонија – приматели на франшиза, како и потенцијални приматели, односно даватели на фрашиза. Свое обраќање/претставување имаа следните еминентни гости од Македонија, Словенија, Австрија, Германија, Маџарска, Данска и Австралија, односно:

 

- Официјално добредојде и презентација на целта на форумот: Мр.Мирјана Марковска-Андревски, Душан Жерак (Фран Адриа) и Др. Едита Бечич (Фран Адриа); 

- Како да го франшизирате вашиот бизнис на европските пазари; Душан Жерак (Фран Адриа, Адриа регион); 

- Франшиза, како изгледа овој деловен однос?; Др. Едита Бечич (Фран Адриа) 

- Презентација на Македонската национална асоцијација за франшиза и состојбата на франшизата во Македонија; Др. Вера Бошковска 

- Logiscool Презентација на франшиза (Унгарија); 

- Amazing Jewelry Презентација на франшиза (Џеспер Нелсен, Данска); 

- Презентација на жени менаџери Елит; 

- Предизвиците на бизнис можностите за франшизинг со брза храна (Пол Ван Вагенинен, Franchise Match Германија); 

- Бартеркард Презентација на франшиза (Aвстралија); 

- Регус Презентација на франшиза (Претставник на Глобален корпорациски развој, Интернационал); 

 

После презентацијата, на форумот се разви дискусија, односно прашања и одговори од гостите кои придонесоа франшизингот да го направат прифатлив бизнис концепт кои овозможува воспоставување на проверени бизниси, однсно развивање на постојните. Притоа, учесниците на форумот имаа можност да разменат корисни информации со гостите за нивната идна соработка. 

Leave a Reply

Здружение за франшизен развој и афирмација

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје

Адреса 

Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,

Тел. +389 2 3129240

Е-маил: info@makfran.mk 

Контакт 

Д-р Вера Бошковска , 

Тел. +389 78 278076 Е-маил: vera@makfran.mk