tail

МАКФРАН е центар за создавање средина на успешни соработки и поддршка на франшизниот модел

На Вториот форум за франшиза 2026, посебен впечаток остави стратешкото излагање на Проф. д-р Вера Бошковска претседателка на Македонската Национална Асоцијација за Франшизен Развој МАКФРАН. Таа направи детален пресек на историскиот контекст, реалната состојба и визијата за иднината на франшизингот кај нас.


Клучните поенти и пораки од обраќањето на претседателката:

Како започна сè? Приказната за МАКФРАН и развојот на овој модел на нашиот пазар започна уште во далечната 1998 година, кога за првпат забележавме бран на влез на големи, странски франшизи во Македонија. Но, каде сме денес? Реалноста покажува дека додека успешно увезуваме системи, денес неофицијално имаме само три наши, автохтони македонски франшизи кои успеале да излезат и да се етаблираат на светскиот пазар.

Глобалниот контекст како лекција: На светската листа за франшизи, американскиот пазар убедливо се издвојува како најразвиен и најдоминантен во светот. Но, конкуренцијата е сурова – дури и во таква силна економија, на првите 50 позиции на глобално ниво, сите препознаваме и издвојуваме само две доминантни франшизи. Ова е јасен показател колку е важна стандардизацијата и поддршката за да се успее на врвот.

Пат напред – Поголема поддршка и вмрежување: Токму поради овие пазарни реалности, претседателката упати силен апел за итна потреба од поголема институционална поддршка и уште посилна меѓусебна соработка помеѓу сите чинители во бизнис секторот.

Заклучок: Нашата цел е јасна. Како асоцијација, МАКФРАН продолжува да ги организира ваквите настани со цел тие да бидат збирно место каде преку корисни споделувања на реални искуства ќе изградиме цврста основа за создавање на уште повеќе успешни македонски франшизни модели кои ќе го освојуваат светот и поддршка за постоечките франшизни бизниси.

Здружение за франшизен развој и афирмација

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА Скопје

Адреса 

Ул.Орце Николов 75 , 1000 Скопје, Република Македонија,

Тел. +389 2 3129240

Е-маил: makfran.macedonia@gmail.com

Контакт 

Д-р Вера Бошковска , 

Тел. +389 78 278076

Е-маил: makfran.macedonia@gmail.com

No matter if you’ve used a visual page builder before, with Brizy you’ll be a pro the second you start using it.